Кулеба поднесе оставка, „есента ќе биде многу важна“

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Есента ќе биде исклучително важна за Украина, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање во вторникот пред големата прераспределба во неговиот кабинет. Тој рече и дека планира да претстави „план за победа“ на претстојната посета на САД каде е неизвесно што би донела евентуалата победа на Доналд Трамп за украинскиот фронт.

–  И нашите државни институции треба да бидат конфигурирани така што Украина ќе ги постигне сите резултати што ни се потребни – за сите нас – изјави Зеленски во видеообраќањето.

Денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба поднесе оставка, откако претходно оставки поднесоа високи функционери. Кулеба напишал писмо уште на 4 септември со молба пратениците да ја прифатат оставката, пишува „Вашингтон пост“.

Кулеба, кој ја извршуваше функцијата од 2020 година, беше клучен глас во обидот на Украина да добие странско оружје од сојузниците и да ги поттикне партнерите да ги олабават ограничувањата за тоа како се користи тоа оружје, особено за борба против таквите бомбардирања од руска страна.
Минатата пролет, тој водеше притисок да се пронајдат батерии за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои седеа неискористени во странски земји и се обиде да ги премести во Украина – отворено зборувајќи за да ги изрази опасностите од доцнење на таквите испораки.
– Капацитетот на Украина да напаѓа воени цели длабоко во Русија и да го намали рускиот капацитет за воздушни напади врз Украина е кај Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција и Германија – рече Кулеба во интервју за Си-Ен-Ен во вторникот, непосредно пред да поднесе оставка.

Потресот во украинската влада доаѓа во време кога Русите напредуваат на истокот на Украина. Градот Покровск трепери пред можната руска опсада. Зеленски се соочи со големи критики дека „го оставил Покровск на милост и немилост“, а според аналитичар на Си-Ен-Ен Покровск е „пресметана жртва“ во обидите на Украина да се концетрира на својата офанзива во рускиот регион Курск.

Додека Зеленски „се коцка“ во Курск, во силни ракетирања во градот Лавов на западот на Украина имаше најмалку седум жртви. Во двоен балистики ракетен напад во градот Полтава врз воен образовен институт и билиска болница загинаа повеќе од 50 луѓе. Русите напредуваат и во селата околу Харков, вториот најголем украински град кој исто така беше ракетиран.

Ненадејната офанзива во Курск и украинските напади во Белгород не го колебаат рускиот лидер Владимир Путин кој на средба со ученици пред неколку дена рече дека рускиот напредок во источна Украина сега е уште поголем и дека ќе дојде време кога Украина ќе седне на преговарачкото столче.

„Се чини дека овој потег има за цел да ги пренасочи трупите и да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин, потенцијално во територијална размена. Но, Путин остана фокусиран на борбата на истокот на Украина, иако Киев сега контролира околу 500 квадратни милји руска територија и држи стотици нови руски воени заробеници“, пишува „Вашингтон пост“.

Share This Article