Куче, чиј сопственик доживеал мозочен удар, два дена стоело и чекало пред болницата во Прилеп.
На социјалните мрежи беше објавен статус во кој се наведува дека кучето трчало по возилото на Брза помош кое пред два дена во болница го донело неговиот газда кој имал мозочен удар.
На социјалните мрежи се ширеше апел за да му се помогне на кучето со вода и храна, по што пристигна информација дека животното е на безбедно.