More

    Куба во мрак – Милиони се без струја, а државата е пред електричен колапс

    spot_img

    Милиони Кубанци повторно немаат струја, по уште еден делумен дефект на електричната мрежа што се случи во неделата, пишува Ројтерс.

    Електричната мрежа на Куба повторно падна во неделата, четврти таков дефект во последните 48 часа, што предизвика нови сомнежи за брзо решение на островот кој веќе страда од сериозен недостиг на храна, гориво и лекови.

    Техничкиот директор на Кубанската електрична мрежа (UNE), Лазаро Гуера, го потврди делумниот колапс на мрежата во западните провинции на Куба, што го зафати и главниот град Хавана доцна во саботата.

    Гуера рече дека техничарите работат на решавање на проблемот, но не даде временска рамка за тоа кога регионот ќе добие струја.

    Снемувањето струја, по неколкунеделни прекини, предизвика протест, со оглед на тоа што и тропската бура се закануваше да ги попречи напорите за обновување на електричната енергија.

    Националната електрична мрежа на Куба првпат се урна околу пладне во петокот, откако најголемата електрана на островот се затвори, предизвикувајќи хаос и оставајќи околу 10 милиони луѓе во темнина. Оттогаш, мрежата падна трипати, што ја нагласи несигурната состојба на инфраструктурата во земјата.

     

    „Процесот на повторно воспоставување на електричната мрежа и понатаму е сложен“, објави кубанското Министерство за енергетика на платформата Икс.

    Поради падот на електричната мрежа, во Хавана и во Маријана имаше протести.

    Дури и пред падот на мрежата, Куба се соочуваше со недостиг на електрична енергија. Комунистичката влада на Куба во петокот ги испрати дома несуштинските владини работници и ја откажа наставата во училиштата, обидувајќи се заштеди гориво за производство на електрична енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img