More

    Крвната група чии „сопственици“ живеат најдолго

    spot_img

    Крвната група влијае на целокупното здравје, секоја има свои карактеристики и слабости, но едната е најотпорна на болести. Станува збор за нулта крвна група, поради што се смета за најдолговечна.

    Докажано е дека луѓето со крвна група 0 имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни болести како што се мозочен и срцев удар, како и помали шанси да заболат од одредени видови на рак, пишува Time.

    Крвта од нулта група содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, вклучително и срцеви напади и мозочни удари предизвикани од згрутчување на крвта. Отпорот на најопасните болести значи поголема шанса за долг живот.

    „Се чини очигледно дека избегнувањето на болеста е дел од стратегијата за долг живот. Но, постои верување дека кај стогодишниците целата корист доаѓа од гените против стареење“, рече Стјуарт Ким, професор по биологија и генетика на Универзитетот Стенфорд, презентирајќи ги резултатите од истражувањето на неговиот тим пред неколку години.

    Во потрага по тајната на долговечноста, тие ги истражувале гените на 800 стогодишници и 5.400 90-годишници и откриле дека варијациите во четири гени се многу важни за брзината на стареењето: CDKN2B, кој игра важна улога во клеточната делба, ABO , што се однесува на типот на крвната група, АПОЕ, која влијае на склоноста на организмот да заболи од Алцхајмерова болест и SH2B3 која го продолжува животот на луѓето.

    Како што објаснија, утврдиле дека одредени варијации на гените почесто се јавуваат кај луѓе кои живеат до стотина, а кога станува збор за крвната група – таа била нулТа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img