Крвав пир се случи на прославата на Ноќта на вештерките синоќа во центарот на градот Орландо во државата Флорида во САД. Според најновите бројки, две лица загинаа, а шест се повредени. Десетици полицајци одговориле на огнот.
Осомничениот е во притвор. Тој е идентификуван како 17-годишник кој лани бил уапсен за голема кражба. Мотивот за пукањето уште не е познат, јави Си-Би-Ес.
Во објавата на социјалната мрежа Икс рано во петокот, нарекувајќи го „критичен инцидент“, полицијата рече дека „спроведува истрага за пукање… Сè уште собираме информации и сослушуваме сведоци“.
Првиот повик кон полицијата стигнал во 1 часот по полноќ. Диспечерите рекле дека неколку луѓе се застрелани.