Кризниот штаб ги повика сите доброволци да помогнат целосно да се изгаси пожарот во Пехчево

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански пред полноќ објави нов повик на Кризниот штаб, преку кој ги повика сите доброволци повторно да земат учество, за целосна локализација и ликвидирање на пожарот.

„Доброволците утрово во 05.00 часот да бидат на зборното место на плоштадот Свети Петар и Павле, од каде соодветно ќе бидат упатени за понатамошна интервенција. Потребно е со себе да понесат лопати. Најстрого се забранува самоиницијативно одење да се гаси пожарот“, се вели во повикот.

Пунктот за донирање на храна и вода сместен во просториите на Домот на културата во Пехчево и понатаму останува  отворен за сите кои ќе сакаат да донираат намирници и вода за доброволците.

Дежурни екипи синоќа го контролираа теренот, со цел да не дојде до нови жаришта, на оние места каде пожарот беше изгаснат.

Share This Article