Криза во Германија: Продажбата на вино падна за десет отсто

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
A picture taken on July 7, 2022 shows a crate of wine bottles damaged by the flood in the wine cellar of winemaker Peter Kriechel in Bad Neuenahr-Ahrweiler in Rhineland-Palatinate, western Germany, almost one year after the region was devastated by floods. - Western German regions of Rhineland-Palatinate and North Rhine-Westphalia were hit by catastrophic floods that killed over 180 people on July 14, 2021. As well as being the deadliest in the country's modern history, the deluges destroyed roads, bridges and thousands of homes and businesses. The mammoth reconstruction task is still ongoing. The scale of the devastation has in part been blamed on a lack of warnings to residents ahead of time, despite weather services forecasting heavy rainfall. (Photo by Ina FASSBENDER / AFP) / TO GO WITH AFP SCENE by Jean-Philippe LACOUR

Германските потрошувачи потрошиле значително помалку пари за купување вино минатата година, бидејќи трошоците за живот во земјата продолжуваат да растат.

Минатата година приватните домаќинства потрошиле 10 отсто помалку пари за купување вино на сите продажни места во земјава, објави германскиот институт за вино со седиште во Дизелдорф во пресрет на саемот ProWein од 19 до 21 март.

Анализата на NielsenIQ покажува дека намаленото купување резултирало со пад на продажбата од 6,5 отсто. Количината на консумирано вино надвор од домот, во ресторани или на други настани не е вклучена во споменатата статистика.

А само виното поскапе. Институтот за вино објави дека за вината со потекло од Германија, просечната малопродажна цена пораснала на 4,18 евра за литар во 2022 година, што е зголемување за 26 центи или 6,6 отсто во споредба со 2021 година.

Зголемувањето на цената, меѓу другото, се должи и на значително повисоките трошоци што треба да се издвојат за шишиња, амбалажа, логистика и плати на персоналот.

Но, просечната цена на виното од странство во 2022 година порасна помалку нагло, односно за 7 центи или нешто помалку од 2 отсто на 3,64 евра за литар.

Неподготвеноста на потрошувачите да купуваат е особено забележлива кај вината со потекло од Германија. Продадените количини на домашно вино паднале за 14 отсто, а продажбата за 8 отсто.

Кај вината увезени од странство, откупната количина е помала за 7 отсто, а расходите за 5 отсто.

Кога станува збор за увозот, италијанските вина продолжуваат да водат со учество од 16 отсто, што е за еден процент помалку во однос на претходната година, а потоа следат вината од Шпанија со 14 отсто, со пораст од два процентни поени, а потоа и француските вина со 11 процентни поени.

- Advertisement -
Ad image

Белото вино и понатаму е фаворизирано со стабилен волуменски удел од 47 проценти. Пазарниот удел на црвеното вино падна од 41 на 40 отсто, а потрошувачката на розе вино се зголеми од 12 на 13 отсто.

Share This Article