More

    КРИВИЧНА ЗА МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ ОД СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИ

    spot_img

    Сојузот на синдикати на Македонија најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими за наводна дискриминација на вработените во Министерството за финансии, со тоа што не им ги зголемил платите.

    Министерот за финансии Фатмир Бесими стори кривично дело по член 166 од Кривичниот законик поради тоа што свесно не се придржуваше кон Закон за платата и надоместоците на плата и со тоа повредува, одзема или ограничува право што на работникот му припаѓа и не им ги зголеми платите на вработените во МФ, иако има законска обврска да го стори тоа.

    Владата во обид да го спаси Бесими усвои предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за буџети, што за среќа на работниците не е поминат во собраниска процедура, па владејачкото мнозинство сега бара свои полтрони пратеници кои денеска на Законодавно правна комисија треба да сторат кривично дело по членот 166 и да го амнестираат министерот и неговиот избор да не почитува закон и тие да се заглават и да сторат кривично дело преку тоа што ќе го толкуваат членот 66, став 3 од Законот за буџети по желба на Министерот за финансии Бесими – се вели во соопштението на ССМ.

    Сојузот на синдикатите на Македонија вели дека во следните денови ќе поднесе кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими и против сите инволвирани.

    Ваква срамна дискриминација кон вработените во најважната владина институција не е видена во спроведување на правото и функционирање на правната држава, па прашуваме дали владините претставници, кои пред само еден месец го фалеа и се фалеа со ваквото добро законско решение, кое значи вреднување на вработените, сега ги омаловажуваат и дискриминираат своите вработени, па доколку истите ставот го менуваат од денес до утре за платите на работниците кои им се право утврдено во согласно со Закон, за што друго го менуваат ставот и на кој му е доверена државната каса на располагање и дали тоа значи дека одредени министри се над законите, а одредени пратеници се ништо повеќе од само аминџии на таквите политики на одредени министри“, се вели во соопштението на ССМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img