Кривична пријава за неодговорните угостители

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од Министерството за внатрешни работи известија дека при контрола на угоститолски објекти, утврдено е дека на едно место се точи алкохол на малолетници.

– Во времето од 19:00 часот на 19.02.2022 до 03.00 часот на 20.02.2022 година полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш спровеле акциска контрола во девет угостителски објекти на подрачје на Радовиш. При контролата, во еден угостителски објект било констатирано дека малолетни лица биле послужени со алкохолни пијалоци. За настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “точење алкохол на малолетни лица” по член 204 од Кривичниот законик – известија од МВР

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply