Кривична пријава за двајца вработени во општина Бутел

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Двајца вработени во општина Бутел се приведени и против нив е поднесена кривична пријава бидејќи преку СМС пораки му се заканувале на нивниот претпоставен.

Имено високиот службеник во општина Бутел кривичното дело го пријави во полициската станица во Чаир на 13.07.2024 година каде што од страна на вработените А. Е и Б. Р добил СМС пораки со заканувачка содржина.
„Во врска со пријавеното кривично дело Загрозување на сигурноста по чл.144 ст.2 од КЗ на 13.07.2024 година во ПСОН Чаир од страна на висок службеник во општина Бутел од страна на ЕНК-ОНК превземени се мерки и активности, при што се обезбедени лицата А. Е и Б. Р, обезбеден е доказен материјал и извршен службен разговор“, велат од МВР.

Во консултација со ОЈО Скопје против истите ќе се поднесе кривична пријава по редовна постапка.

Share This Article