Кристијано Роналдо со два гола го прослави светскиот рекорд

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кристијано Роналдо стана играч со најмногу репрезентативни настапи во историјата на фудбалот, откако синоќа го облече дресот на Португалија по 197 пат.

Неговиот тим синоќа победи со 4:0, а 37-годишниот фудбалер Ал Насра освен што стана играч со најмногу натпревари во националниот тим, со два постигнати гола, стана и првиот во историјата кој постигнал 100 голови на официјален натпревар на репрезентацијата.

Роналдо беше стрелец во 51 минута од пенал, а во 63 од слободен удар.

Искусниот фудбалер во националниот тим дебитираше во 2003 година, кога како 18-годишник влезе во игра наместо Луис Фиго на пријателскиот натпревар против Казахстан.

До овој натпревар Роналдо беше на делба на првото место на вечната листа со Бадер Ач – Мутава, кој има 196 настапи за Кувајт.

Топ 5 играчи со најмногу настапи за репрезентација

197 – Кристијано Роналдо (Португалија)

196 – Бадер Ал – Мутава (Кувајт)

195 – Со Чин Ан (Малезија)

- Advertisement -
Ad image

184 – Ахмед Хасан (Египет)

183 – Ахмед Кано Мубарак (Оман).

Share This Article