More

    Кристијан Трајковски-Овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна.

    spot_img

    На денешниот, петти Конгрес на НСДП, видовме дека одредени структури во партијата продолжија со своите намери да им го одземат правото на слободен избор на делегатите на НСДП спротивно на Статутот на НСДП, Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на НСДП спречи демократски натпревар на идеи за иднината на нашата партија.

    Видовме како, спротивно на сите акти на НСДП, тие извршија насилнички и измамнички инженеринг на составот на делегатите, фалсификувајќи ги списоците и менувајќи ги имињата утврдени од Извршните Одбори на Општинските организации. На место на легитимно избраните делегати се ставени цели фамилии, брачни другари и слични групи лојални на единствениот кандидат за Претседател.

    Видовме и како овие структури се служеа со сите можни притисоци, закани и празни ветувања за да ги добијат делегатите кои не можеа да ги наместат.

    На крај видовме како, истите овие луѓе го киднапираа работното претседателство и органите на овој Конгрес и како по секоја цена се подготвени да му помогнат на човек кој нема поддршка од мнозинството, преку прекршување и злоупотреба на Статутот и процедурите, да ја киднапира нашата партија и да го уништи сето тоа што сите ние го градиме седумнаесет години.

    За жал, легитимитетот а изборот на следниот Претседател на НСДП е целосно урнисан и уништени се сите услови за слободно, фер и демократско изјаснување на делегатите во постапка согласно Статутот и актите на НСДП.

    Поради тоа, не сакајќи да учествувам во понатамошната работа на овој нелегитимен конгрес и носењето на одлуки на истиот, одлучив да ја повлечам мојата најавена кандидатура за Претседател на НСДП.

    Овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна.

    Со почит,
    Кристијан Трајковски

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img