More

    Кримските Татари први на удар, ако одбијат ќе им пукаат во грб?

    spot_img

    Кремљ денеска призна дека биле направени „грешки” при мобилизацијата на стотици илјади резервисти за борба во Украина, нагласувајќи дека во оваа фаза „не е донесена одлука” за затворање на границите, пренесува МИА.

    – Има случаи кога е прекршен декретот – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во врска со декретот за делумна мобилизација што го објави рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември за зголемување на бројот на војници во војната во Украина.

    Стари, болни и неискусни

    Тој изрази надеж дека „грешките ќе бидат поправени”. Властите соопштија дека мобилизацијата на 300.000 резервисти се однесува само на лица кои имаат воено искуство или потребни вештини, но евидентирани се и бројни случаи на мобилизација на стари, болни или неискусни лица, како и студенти.

    Meѓу еден од проблемите кои настанаа во мобилизацијата е и фактот што Русија први ги мобилизира малцинствата во земјата. Активистите за човекови права на Крим велат дека руската мобилизација на окупираниот полуостров несразмерно ги таргетирала кримските Татари, етничка група која се спротивставува на руската власт откако територијата беше анектирана од Русија во 2014 година, јавува Јутарни.

    – Насекаде, во секој град, слушам дека мнозинството од мобилизираните се Кримски Татари и знаеме дека тие особено ги таргетираат населбите со претежно кримско-татарско население -рече активист од таа етничка заедница, чии многу членови сè уште живеат на полуостровот, во телефонско интервју.

    Свесно уништување на татарскиот народ

    Кримските Татари, кои се претежно муслимани, сочинуваат приближно 13 отсто од населението на Крим. Нема официјална документација за тоа кој бил мобилизиран, ниту според кои критериуми, но широко распространетите „докази“ кои произлегуваат од размената на информации меѓу припадниците на етничката група сугерираат дека Кримските Татари се несразмерно вклучени во тој процес. Крим СОС, украинска организација за човекови права, проценува дека 90 отсто од известувањата за мобилизација биле доставени до Кримските Татари.

    – Ова е свесен напор да се уништи татарскиот народ на Крим – рече украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговото видео обраќање во саботата.

    Тамила Ташева, претставник на украинскиот претседател за Крим, исто така рече дека верува оти Москва намерно ја гаѓа групата.

    – Кримските Татари се најмалку лојален сегмент од населението на Русија и беше јасно дека тие се многу возбудени од неодамнешните воени успеси на Украина. Сега се казнуваат – рече Ташева.

    Луѓето се плашат дека Русите ќе им пукаат во грб

    Ташева, и самата кримска Татарка, вели дека добила десетици пријави од членовите на нејзината етничка група за полицијата која доаѓа во нивните градови или села и им дели покани.

    – Луѓето се во паника, не знаат што да прават – рече таа.

    Таа ги советува мобилизираните Татари да избегнуваат контакт со руски или проруски власти што е можно повеќе и да се обидат да се предадат на украинските сили во првата можна прилика.

    – Па, се разбира, ние сме загрижени дека Русите едноставно ќе им пукаат во грб – додава Ташева.

    Запрашана дали вооружувањето на илјадници противници е стратегија што би можела да ѝ се врати како бумеранг на Москва, таа вели дека „за жал, Русите не се доволно глупави да ги соберат сите кримски Татари заедно во иста машина“.

    Многумина Татари изјавија дека се чувствуваат беспомошни и паника во заедницата, при што некои членови на групата се обидуваат да побегнат од Крим.

    Но, во Русија најмногу бегаат Русите. Голем број Руси решија да ја напуштат земјата, со оглед на зголемениот прилив на границите со Грузија, Казахстан, Финска и Монголија. Само викендов 17.000 луѓе ги преминале границите во потрага по живот без војна.

    Над илјада лица, пак беа уапсени на протестите во над 40 градови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img