„Главната цел е целосна рамноправност“. Ова го рече Крешник Бектеши од ДУИ за нацртот на американскиот експерт Пол Вилијамс изработен по нарачка на Али Ахмети.
Тој во студиото на ТВ21 објасни што точно содржи и на што се базира нацртот на Вилијамс.
Главната цел е целосна рамноправност и недозволување игнорирање и флагрантно кршење на принципите на Министерството за одбрана (МО), порача Бектеши.
– Станува збор за документ што го подготви канцеларијата на Пол Вилијамс, кој беше директно вклучен во изработката на Охридскиот договор, вклучително и локални експерти, но и придонесот на лидерите на Европскиот фронт и сите оние кои имаат соодветно искуство во начинот на функционирање на држава како Северна Македонија, мултиетничка држава каде што има повеќе заедници. Тоа главно се заснова на духот на Охридскиот договор, намерата и целта на Меморандумот за разбирање. Крајната цел ќе биде целосна рамноправност и недозволување игнорирање и флагрантно кршење на принципите на МО – рече Бектеши во студиото на ТВ21.
Инаку, не е тајна оти странскиот експерт е најмен за да се разгледа модел за поделба на Македонија по региони, по примерот на Северна Ирска и на Белгија.