Финска најави дека ќе затвори четири од деветте граничните премини, најави финскиот премиер Петери Орпо, пишува Гардијан. Претседателот на државата, Саули Ниинисто, вети дека ќе преземе „многу конкретна акција“ против сѐ поголемиот број луѓе од Русија кои доаѓаат во Финска и бараат азил.
Руската гранична служба генерално ги спречува луѓето без валидни визи за ЕУ да влезат во Финска, но во средата Нинисто тврдеше дека Русија почнала да ги пренесува барателите на азил до финските гранични премини како одмазда. За што се одмаздува Кремљ?
Според Нинисто тоа е поради договорот за воена соработка со Вашингтон кој Хелсинки планира да го потпише.
Финска и Русија ја делат границата од 1.300 километри, а таа граница е и надворешната граница на Европската Унија. Тензијата меѓу двете земји се зголеми откако Финска влезе во НАТО.