More

    Кремљ потврди дека Путин нема да оди во Токио на државниот погреб на Шинзо Абе

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин нема да учествува во државното испраќање на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, објави во понеделникот Кремљ.

    „Не, Путин не планира да ја посети Јапонија и да присуствува на погребот“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
    Тој додаде дека Русија допрва треба да одлучи за присуството на нејзините претставници на државното испраќање.

    Јапонската влада ги информирала сите земји со кои има дипломатски односи, вклучително и Русија, за државното испраќање, изјави во понеделникот заменик-шефот на кабинетот на премиерот Јошихико Исозаки.

    Јапонскиот весник Санкеи во саботата објави дека Токио се стреми кон тоа да не му дозволи на Путин да присуствува на церемонијата на 27 септември.

    Абе беше убиен на предизборен митинг минатиот месец, настан што длабоко ја шокираше Јапонија.

    Неговиот погреб беше одржан набргу потоа, но владата одлучи државната церемонија да се одржи на 27 септември во затворената арена Нипон Будокан во центарот на Токио.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img