Руската инвазија на Украина влезе во 58. ден. Руските трупи го префрлија својот фокус во источна Украина каде што окупираа 42 села. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговите војници го зазеле Мариупол, но САД тврдат дека тоа е дезинформација. Ниту украинската страна не ги потврди наводите на Русија за падот на градот. Објавени се нови сателитски снимки на кои се гледаат масовни гробници во близина на Мариупол.
Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот најави нов пакет воена помош за Украина од 800 милиони и 500 милиони долари за работата на владата во Киев и поедноставување на визниот режим за прием на украински бегалци.