Кремљ ја обвини Украина дека купува време

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кремљ денеска соопшти дека на Украина ѝ биле предложени преговори во белорускиот главен град Минск, но нагласи и дека Украина во моментов одолговлекува со одговорот, откако претходно побарала средбата да се одржи во Варшава.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека има прекин во комуникацијата, бидејќи Украинците прават „долга пауза“.

За време на паузата, украинските националисти, вели тој, распоредиле ракетни системи во поголемите градски области. Песков не достави докази за да го поткрепи тврдењето, но смета дека тоа е многу опасен развој на настаните.

Украинските власти сѐуште не ја коментираат изјавата на портпаролот на Кремљ.

Претходно денеска Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да испрати делегација од претставници на Министерството за надворешни работи и за одбрана во белорускиот главен град Минск на разговори со претставници на Украина.

Share This Article