More

    Кремљ: Истрагата за смртта на Навални е во тек, засега без резултати

    spot_img

    Истрагата за смртта на Алексеј Навални е „во тек“ и се уште не се донесени заклучоци, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, додека мајката и другите роднини на рускиот опозициски лидер бараат неговото тело да им биде предадено.

    „Истрагата е во тек и преземени се сите неопходни мерки. Но, резултатите од таа истрага засега не се објавени бидејќи се уште не се познати“, изјави Песков за новинарите.

    На мајката на Алексеј Навални и на другите роднини сè уште не им е дозволен пристап до неговото тело, трет ден по неговата смрт во арктичкиот затвор. Тие ги обвинуваат руските власти дека го убиле опозиционерот и сега се обидуваат да ги прикријат трагите на злосторството.

    На прашањето за предавање на телото на опозиционер на неговото семејство, Песков рече дека ова прашање не спаѓа во надлежност на администрацијата на рускиот претседател.

    Тимот на Навални, реагирајќи на тие изјави преку Телеграм, оцени дека е токму спротивното: „Кремљ покажува заби, негира и одложува, го крие криминалот“.

    Од објавувањето на смртта на Навални во петокот, голем број западни земји ги обвинија руските власти дека се одговорни за неговата смрт.

    Песков рече дека во овие околности и недостигот на информации, Русија смета дека е „апсолутно недозволиво да се даваат такви грозоморни изјави“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img