Кремљ има детален план за напад на 160 цели во земјите, во случај на војна со НАТО

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Russia's President Vladimir Putin delivers a speech at the Valdai Discussion Club meeting in Sochi on November 7, 2024. (Photo by MAXIM SHIPENKOV / POOL / AFP)
- Advertisement -
Ad image

Русија разработила детален план со список на цели за можен конфликт со Јапонија и со Јужна Кореја. Списокот вклучува цели „во азиско тихоокаеанскиот сектор“ во случај на војна со НАТО, како нуклеарни електрани и објекти од цивилната инфраструктура, објави денеска Фајненшл тајмс, повикувајќи се на тајни документи, добиени од западни извори.

Според протечените информации од 29 доверливи воени досиеја, списокот вклучува 160 објекти како патишта, мостови, фабрики, но и командни центри и воени бази со планови за напад, направени меѓу 2008 и 2014 година. Ова е со цел да се спречи „регрупирање на војници во областите со оперативна намена“, се вели во документот.

Првите 82 цели имаат воено значење: штабови на вооружените сили, радарски инсталации, авионски бази и поморски објекти во Јапонија и во Јужна Кореја. Меѓу цивилните објекти се наведени тунели, енергетска инфраструктура и индустриски капацитети. Во нив спаѓаат јапонскиот тунел „Канмон“ и јужнокорејската металуршка фабрика „Поханг“. Енергетската инфраструктура е исто така клучна цел: списокот вклучува 13 објекти, вклучувајќи нуклеарни комплекси во јапонскиот Токаи и хемиски фабрики во јужнокорејскиот Пусан.

Изданието јавува дека документите содржат детали за употреба на неконвенционални крстосувачки ракети Х-101. Едно од сценаријата опишува напад со 12 ракети, лансирани од тешкиот бомбардер Ту-160 врз јапонската радарска база во Окусирито.

Друг документ споменува мисија од 24 февруари 2014 година за проверка на противвоздушната одбрана на Јапонија и на Јужна Кореја. Според тајното досие, два тешки бомбардера Ту-95 полетале од базата на командата за далечинска авијација во Украинка, руски Далечен Исток, и за 17 часа ги облетале двете земји за да ги регистрираат нивните одбранбени реакции.

Share This Article