More

    Крематориумите во Германија ќе штедат гас

    spot_img

    Енергетската криза ги принуди компаниите за погребални услуги во Германија да исклучат голем број печки во крематориумите за да заштедат гас.

    Претставниците на здружението на гробари предупредуваат дека бројот на печки со кои работат можеби не е доволен за нешто помалку од милион починати лица годишно, чии семејства одлучуваат да ги кремираат нивните тела и бараат државата да ги изземе од најавените ограничувања.

    Претседателот на германскиот конзорциум за кремирање, Свенд-Јерк Соболевски, објасни дека крематориумите биле принудени да исклучат речиси половина од печките што ги имаат.

    – Некои печки се исклучени, а другите мора постојано да работат за да не се изладат, бидејќи за нивно загревање е потребно многу поголемо количество на гас – објасни Соболевски.

    Тој додаде дека крематориумите на овој начин штедат гас и се усогласени со препораките на Европската комисија за намалување на потрошувачката на оваа енергија за 15 проценти. Сепак, според неговите зборови, не можат сите крематориуми да се префрлат на тој систем.

    – Не секој има толку клиенти. Некои имаат само една или две печки. Тоа значи дека во случај на ограничувања, тие крематориуми ќе треба да се затворат – рече Соболевски.

    Според првиот човек на здружението на гробари во Германија, Штефан Нојцер, постои уште една опција за заштеда, а тоа е намалување на температурата во печките.

    – Температурата во печките за кремирање сега е 850 степени Целзиусови. Постои можност да се намали на 750 степени. Така би заштедиле од десет до 20 проценти од гасот. Сепак, законите за кремирање се многу прецизни и строги, па затоа би требало властите прво да ја одобрат таа опција – рече Нојзер.

    Како што додаде, постои можност крематориумите да се префрлат од гас на струја, но прашање е дали ќе има доволно струја во зима, а освен тоа, не секој има можност толку брзо да го менува системот за греење на печката.

    И Нојцер и Соболевски апелираа до владата во Берлин дека во случај на ограничување на гасот, крематориумите треба да бидат приоритет.

    – Смртта не може да се избегне – истакнуваат гробарите.

    Кремирањето, инаку, е најчестиот метод на погребување во Германија. Речиси три четвртини од милион годишни погреби во таа земја се прават токму така. Ова е висок процент во споредба со другите земји од ЕУ.

    Германското Министерство за заштита на животната средина соопшти дека работи на модел кој би бил погоден за крематориумите.

    – Работиме со сите држави за да издадеме упатства за можно намалување на температурата во печките за кремирање. Овие нови упатства треба да ги издадеме во наредните недели – се вели во соопштението на германското Министерство.

    Инаку, ова не е првпат кризата да доведе до нарушување на работата на крематориумите во Германија.

    Во средината на пандемијата на коронавирусот, крематориумот во Мајсен беше преполн со починати кои не можеше доволно брзо да ги обработи, а ковчези се натрупаа во канцелариите, ходниците и подрумот

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img