Кредит свис обвинета дека чувала нелегални пари на сомнителни клиенти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ објави податоци од новинарско истражување на повеќе медиуми кое има за основа документи од швајцарската банка Кредит Свис од периодот 1940 до 2010 година во кое се наведува дека чувала пари од криминално и незаконско потекло.

Според истражувањето меѓу клиентите на банката биле и луѓе поврзани со вршење тортура, трговија со дрога, перење пари, корупција и други сериозни кривични дела. Истражувањето покажува дека банката, и покрај тоа што имала предупредување за потеклото на парите, сепак продолжила да соработува со овие лица.

Истрагата ја спроведоа од Проектот за известување за организиран криминал и корупција, конзорциум на 47 медиуми од светот кои имале увид во повеќе од 18.000 сметки од банката.

Податоците за ваквата политика на банката, пред една година, анонимно се доставени до германскиот весник „Зидојче Цајтунг“. Опфатени се  37.000 луѓе и компании со вкупна сума од 100 милијарди долари, од кои најмалку 8 милијарди долари се поврзани со клиенти идентификувани како „проблематични“.

Според весникот, податоците покажуваат дека банката прифаќала коруптивни автократи, осомничени воени злосторници и трговци со луѓе како свои клиенти.

„Верувам дека законите за тајност на швајцарското банкарство се неморални. Наводната заштита на финансиската приватност е само покритие за срамната улога на банките како соучесници на затајувачите на данок“, стои во дописот кој до весникот го испратил изворот на протечените документи.

Најголемиот дел од луѓето наведени во протечените податоци доаѓаат од земји во развој во Африка, Блискиот Исток, Азија и во Јужна Америка.

Меѓу државите со најголем број клиенти се Египет, Венецуела, Тајланд и Украина, земји кои долги години се соочуваат со политички и финансиски елити кои своите богатства ги кријат во офшор дестинации.

Кредит Свис ги одбива обвинувањата за ваквите бизнис практики. Од банката велат дека наводите се засноваат на делумни, неточни или селективни информации извадени од контекст. Тие додаваат дека анализирале голем број од сметките поврзани со овие обвинувања и околу 90% од нив денес се затворени.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article