Кралското семејство се собрало во Вестминстерската опатија во Лондон на божиќна служба, а по тој повод испратиле јасна порака до принцот Хари и Меган Маркл

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кралското семејство се собрало во Вестминстерската опатија во Лондон на божиќна служба, а по тој повод испратиле јасна порака до принцот Хари и Меган Маркл.

Додека светската јавност наголемо зборува за документарната серија „Хари и Меган“, во која војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл проговорија за причините за напуштањето на кралското семејство, кралот Чарлс Трети, принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон, ја игнорираат целата ситуација.

Тие одбиваат да ги коментираат тврдењата изнесени во оваа серија, во која принцот Хари и Меган Маркл рекоа дека палатата ги храни медиумите со негативни приказни за Меган, дека семејството не ги штити од јавноста, расизмот, папараците и друго.

Сепак, иако не зборуваат за Меган и Хари, кралското семејство со мали гестови им испратило порака на своите пребегнати членови.

На пример, Меган изјавила дека ѝ е забрането на јавни настани да носи бои што ги носат „поважните“ луѓе на јавни настани, по што неколку членови на семејството се појавиле на божиќната миса во палта во иста нијанса како и Кејт Мидлтон.

 

Принцезата од Велс тогаш отишла чекор понатаму – а сите се сигурни дека тоа била порака до Хари и неговата сопруга.

- Advertisement -
Ad image

Имено, откако во Вестминстерската опатија го видела кралот Чарлс, својот свекор, Кејт Мидлтон му пришла, срдечно го бакнала и нежно ја ставила раката на неговото рамо. Дури тогаш таа му се поклонила, инаку првпат пред јавноста откако Чарлс стана крал.

 

- Advertisement -
Ad image

По Кејт, и нејзиниот сопруг и децата го бакнале Чарлс и неговата сопруга кралицата Камила.

Како што пренесуваат британските медиуми, тоа не е случајно – Меган Маркл во својата документарна серија изјавила дека семејството на Хари е претерано формално и дека не се прегрнуваат и не изразуваат нежност едни кон други.

Share This Article