More

    Кралот Чарлс упати поддршка за англиската репрезентација и ги насмеа луѓето

    spot_img

    Британското кралско семејство деновиве е посветено на Европското фудбалско првенство во Германија, на кое аглиската репрезентација ќе се бори за титулата во големото финале. По победата на Англичаните над Холанѓаните и нивниот пласман во финалето, на честитките се приклучи и кралот Чарлс кој испрати убава порака до националниот тим објавена на кралскиот официјален Инстаграм профил.

    „Јас и мојата сопруга, како и целото наше семејство, најискрено сакаме да ви честитаме за влезот во финалето и да ви посакаме се најдобро за натпреварот во недела“ – се вели во објавата.

     

    Кралот малку и се пошегува со фудбалерите и ги насмеа луѓето.

    „Сакам да ве охрабрам да обезбедите победа пред да има потреба од чудесни голови во последен момент или друга драма во пенал серијата, сигурен сум дека стресот, отчукувањата на срцето и крвниот притисок на нацијата значително ќе се намалат. .“ – им порача кралот Чарлс на англиските фудбалери.

    „Кралот зборува за сите Англичани“, „Ми се допаѓа оваа порака“, „Одличен британски хумор“, беа дел од коментарите на кралската објава.

    Принцот Вилијам исто така е страствен навивач на англиската репрезентација. Тој го следеше натпреварот меѓу Англија и Швајцарија во четврт-финалето на ЕУРО2024. Додека седеше на трибините не му беше грижа што кон него беа вперени многу камери. Навиваше, скокаше, викаше и на крајот – правеше разни фаци. Беше тажен, па загрижен и на крајот среќен поради победата на Англичаните.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img