More

    Кралот Чарлс му пиша на Трамп

    spot_img

    Британскиот крал, Чарлс Трети ,му пиша приватно на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, откако тој преживеа атентат, соопшти Бакингемската палата.

    Како што пренесе ДПА, пораката на Чарлс била во согласност со разговорот на британскиот премиер Кир Стармер со Трамп, во кој тој го осудил насилството, изразил сочувство за жртвите и за нивните семејства и им посакал брзо закрепнување на поранешниот претседател и на повредените.

    Пораката на кралот била пренесена вчера, преку британската амбасада во Вашингтон.

    Бакингемската палата соопшти дека содржината на преписката ќе остане приватна.

    Во 2019 година, Чарлс, тогаш принц од Велс, ги угости Трамп и неговата сопруга Меланија на попладневен чај во кралската резиденција Кларенс Хаус за време на самитот на НАТО во Лондон.

    Трамп беше дочекан и со државен банкет, организиран од покојната кралица Елизабета, за време на државната посета на Велика Британија претходно истата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img