Кралот Чарлс ги исфрли од нивната резиденција во Велика Британија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кралот Чарлс ги исфрли Хари и Меган од Фрогмор котиџ, кој беше нивниот дом во Велика Британија, а наместо нив, во кралската резиденција ќе се всели принцот Ендру, братот на Чарлс, пишува британскиот весник „Сан“.

Според пишувањето на британскиот медиум, Бакингемската палата издала известување за иселување на војводата и војвотката од Сасекс откако мемоарите на Хари се појавија на полиците во Велика Британија во јануари.

Принцот Ендру веќе се вселува во нивниот поранешен дом иако на почетокот беше против тоа. Без оглед на неговата одлука, Хари и Меган се принудени да ја напуштат резиденцијата, па така, остануваат без нивниот единствен преостанат дом во Обединетото Кралство.

„Ова сигурно го означува крајот за Хари и Меган во Велика Британија. Ендру се спротивстави на идејата да се пресели во Фрогмор котиџ откако му беше понудено минатата недела, но Хари и Меган не можат да го спречат иселувањето“, изјавил извор близок до кралското семејство.

Кралската резиденција се наоѓа на имотот Фрогмор во Виндзор, кој на Хари и Меган им го подари покојната кралица Елизабета Втора во 2018 година за нивната венчавка.

Куќата се наоѓа во близина на Аделаид котиџ, главната резиденција на принцот и принцезата од Велс, Вилија и Кејт, и се состои од пет спални соби и пространа градина. Нејзинато реновирање чинело 2,4 милиони фунти пред парот да се всели.

Да потсетиме, веста доаѓа во моментот на подготовките за крунисувањето на кралот Чарлс Трети во мај, а дополнително ги поттикна шпекулациите дека Хари и Меган можеби нема да добијат покана.

Share This Article