Кралицата на автомобилската мафија се дружела со српскиот џет-сет

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Татјана Миоковиќ, кумата на Лепа Брена, прогласена за „кралица на естрадната автомобилска мафија“, која беше обвинета за организиран криминал од Јавното обвинителство во Белград дека учествувала во трговијата со скапи автомобили што биле украдени во странство со нејзиниот невенчан сопруг Зоран Јанковиќ и уште шестмина обвинети, осудена е пред Специјалното одделение на Вишиот суд во Белград на две години и два месеци затвор, како и парична казна од 300.000 динари, дознава српски „Курир“.

Нејзиниот невенчан сопруг Зоран Јанковиќ е осуден на 6,5 години затвор, како и парична казна од еден милион динари.

Инаку, Татјана беше уапсена и во 2015 година во голема меѓународна акција на српската, унгарската и словачката полиција, кога беа запленети околу 30 автомобили.

Татјана Миоковиќ е блиска со бројни естрадни ѕвезди, па се претпоставува дека дел од автомобилите биле продадени на српски пејачи.

Како што објавија медиумите, Татјана порано водела и бутик.

Била блиска со Лепа Брена, Саша Поповиќ, Дара Бубамара, Гоца Божиновска, Ана Бекута и со многу други славни личности во Србија.

„Кралицата на естрадната авто – мафија“ на социјалните мрежи се фалеше со заеднички фотографии од забави, а јавните личности не ги прекинаа контактите со неа по нејзиното апсење, ниту за време на судењето.

По апсењето, таа продолжи да живее нормален живот, патуваше, на социјалните мрежи се фалеше со фотографии од различни егзотични дестинации.

- Advertisement -
Ad image

 

ФОТО: Фејсбук

- Advertisement -
Ad image
Share This Article