Кралицата Камила доби своја верзија на кукла Барби

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британската кралица Камила стана горда сопственичка на сопствената верзија на куклата Барби, а кога и ја претставија, со насмевка изјави дека изгледа 50 години помладо.

Кралицата воодушевено позираше со уникатен подарок што Мател и го додели за посветената соработка со Фондацијата Women Of The World (WOW), чиј претседател е.

Камила и Барби за таа пригода беа облечени во иста облека, фустан во сина кобалт и црна јакна.

Презентацијата беше организирана во автобусот на WOW Girls Festival кој ја обиколи земјата промовирајќи ја родовата еднаквост пред конечно да застане во просторот на палатата каде што кралицата ја гледаше со Матилда, кралицата на Белгија и војвотката од Глостер.

Фондацијата „Жените на светот“ е добротворна организација која прерасна во глобална мрежа на настани, чија цел е да се залага за родова еднаквост, да ги препознае достигнувањата на жените и девојките и да ги истражи пречките што ги спречуваат да го остварат својот потенцијал.

За време на настанот, кралицата се сретна со училишни деца кои работат на проекти за родова еднаквост и накратко разговараше со членовите на фондацијата.

Извор: ENEX

Share This Article