„Кралевите“ со пресврт во последните минути до ново финале во Лигата на шампионите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Реал Мадрид ќе биде противникот на Борусија Дортмунд во големото финале во Лигата на шампионите кое на 1 јуни ќе се одигра на „Вембли“.

„Кралевите“ имаа нова чудесна, волшебна ноќ на „Бернабеу“, режираа пресврт кој им донесе победа од 2-1 против Баерн Минхен, односно пласман во наредната рунда со вкупно 4-3.

Гостите од Минхен го имаа финалето во џеб до 88 минута која Нојер имаше слаба реакција по ударот на Винисиус Жуниор, грешка која беше скапо платена затоа што Хоселу ја искористи и донесе изедначување на Мадрид.

Водени од оваа енергија домаќините брзо дадоа уште еден гол одново пркеу Хоселу во 91 минута за водство од 2-1 што се покажа како доволно за да се скокне оваа полуфинална пречка.

Во последните секунди имаше и една дискутабилна ситуација, Баерн даде гол, ама претходно беше свирен офсајд со тоа што во овие моменти најчесто се остава акцијата да се заврши што тука не беше случај.

 

Share This Article