Крајот на најголемата трансфер сапуница на 21 век, Мбапе дефинитивно е во Реал
Килијан Мбапе дефинитивно ќе ја продолжи кариерата во дресот на Реал Мадрид.
Како што објави новинарот на Атлетик, Дејвид Орнштајн, Мбапе ги договорил личните услови со Реал, а останува само да се официјализира соработката.
Додуша и Орнштајн тврди дека Пари Сен Жермен не се откажал од намерата да го задржи својот најдобар играч, па за очекување е во наредните денови да пристигне и последната понуда за да остане на Паркот на принцовите.
Потсетуваме, сагата за трансферот на Мбапе во Реал трае повеќе од година и пол, а фантастичниот 23-годишен крилен напаѓач ќе стане еден од најголемите столбови на „кралскиот клуб“ во обид да создаде некои нови Галактикои.