Новиот бран на заладување во Белград го донесе најнеочекуваното – снег на крајот на март.
По минатонеделното топло време со пролетни температури околу 20 степени, од понеделник започна посвеж бран.
Дуваше и бурен ветер кој дури и собори дрвја во Белград.
Нешто пред 14 часот во Нов Белград врнеше снег. Репортер N1 објави дека набргу потоа снегулки паднале и на Дорчол.