Крај на ерата на руски евтин гас во ЕУ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa05793406 A worker checks equipment at the Dashava gas storage near western Ukrainian town of Stryi, 14 February 2017. The Board of Directors of Russian Gazprom company on 09 February approved the acquisition of additional shares in Nord Stream 2 worth EUR 1.425 billion, according to the company report. Nord Stream 2 AG is a company established for the planning, construction and further use of the Nord Stream-2 gas pipeline running from the Russian coast to Germany via the Baltic Sea bypassing Ukraine. EPA/PAVLO PALAMARCHUK
- Advertisement -
Ad image

Рускиот енергетски гигант Гаспром соопшти дека извозот на гас преку Украина во Европа е прекинат во 8 часот наутро по московско време, бидејќи истече договорот за транзит.

Украина соопшти дека транзитот на руски природен гас низ нејзината територија е суспендиран од 7 часот наутро по локално време, поради „националната безбедност“.

– Го запревме транзитот на руски гас. Ова е историски настан – изјави министерот за енергетика Герман Галушченко.

Потегот на киевското Министерство за енергетика уследи по истекот на петгодишниот договор меѓу Гаспром и украински Нафтогас.

– Русија ги губи своите пазари, ќе претрпи финансиски загуби. Европа веќе донесе одлука да се откаже од рускиот гас – рече Галушченко.

Затворањето на најстарата руска рута за гас за Европа стави крај на еднодецениските тензични односи предизвикани од руското заземање на Крим во 2014 година. Украина престана да купува руски гас следната година.

Вчера, 31 декември, „Газпром“ го намали протокот на гас низ украинската територија од 42,4 на 37,2 милиони кубни метри.

„Поради постојаното и јасно изразено одбивање на украинската страна да го обнови договорот за транзит, Гаспром е лишен од техничката и од правната можност да испорачува гас за транзит низ територијата на Украина од 1 јануари 2025 година“, објави Гаспром на мрежата Телеграм.

Запирањето на протокот на гас се очекуваше поради војната која започна во февруари 2022 година. Украина беше категорична дека нема да го продолжи договорот.

- Advertisement -
Ad image

Транзитот на гас преку Украина сочинуваше приближно половина од вкупниот руски извоз на гас преку цевководи до Европа.

Русија сè уште извезува гас преку гасоводот „Турски тек“ на дното на Црното Море. Турски тек има две линии – едната за турскиот пазар, а другата за снабдување на потрошувачите во Централна Европа, вклучувајќи ги Унгарија и Србија.

Европската Унија ги удвои напорите за намалување на зависноста од руската енергија по избувнувањето на воениот конфликт во Украина во 2022 година, барајќи алтернативни извори. Останатите купувачи на руски гас преку Украина, како Словачка и Австрија, исто така, се договорија за алтернативни испораки. Во декември Австрија одлучи да го раскине долгорочниот договор со Гаспром, а Словачка му се закани на Киев со одмазда.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article