More

    Крај на 10-годишната врска на италијанската премиерка и телевизискиот новинар

    spot_img

    Премиерката на Италија, Џорџа Мелони објави дека се разделила од нејзиниот партнер, телевизискиот новинар Андреа Џамбруно,со кого беа во 10-годишна врска. Екс-партнерот на италијанската премиерка наиде на критики во последните недели поради сексистички коментари во јавноста.

    „Мојата врска со Андреа Џамбруно, која траеше речиси 10 години, завршува тука. Нашите патишта веќе некое време се разминуваат и време е да го признаеме тоа“ – напиша Мелони на Фејсбук.

    Мелони и Џамбруно имаат 7-годишна ќерка Гиневра.

    „Му благодарам за прекрасните години поминати заедно, за тешкотиите низ кои поминавме и што ми го даде најважното нешто во животот, а тоа е нашата ќерка Гиневра“ – напиша Мелони во објавата.

    Таа додаде дека е дојдено време да се признае дека патиштата им се разидуваат, но дека останува грижата за нивната ќерка.

    „Ќе го бранам тоа што бевме, ќе го бранам нашето пријателство и ќе го бранам, по секоја цена, седумгодишното девојче кое ја сакаа својата мајак и го сака својот татко“ – додава Мелони.

    Џамбруно е водител на информативна програма која ја емитува Mediaset, дел од медиумската група MFE во сопственост на наследниците на покојниот Силвио Берлускони, поранешен премиер и сојузник на Мелони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img