Ковид -19 го затвори аеродромот Гетвик, откажани се 800 летови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лондонскиот аеродром Гетвик е затворен, откако меѓу вработените во контролата на летање се прошири ковид-19. Тоа предизвика хаос во воздужниот сообраќај во Велика Британија.

„ 30% од персоналот во одделот за контрола на летање се болни поради различни причини, вклучително и ковид-19“, соопшти аеродромот.

Медиумите објавија дека на  25.000 патници им е откажано патувањето бидејќи се откажани 800 летови. Посебно се погодени летовите на EasyJet на кои Гетвик им е матичен аеродром, но откажувања ќе претрпат и летовите на Ryanair, TUI и Wizzair.

Аеродромот го ограничи бројот на авиони кои доаѓаат и заминуваат од неговата писта до крајот на неделата.

„Дневното ограничување ќе спречи откажувања и одложувања за патниците во последен момент додека Националните услуги за воздушен сообраќај (NATS) се вратат во нормала“, соопштија од аеродромот.

Само во петок на 29 септември ќе има откажување на 33 поаѓања.

Share This Article