Ковчегот со Елизабета Втора пет дена ќе биде изложен во салата Вестминстер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Граѓани на Лондон од синоќа чекаат во ред за да не ја пропуштат шансата да ѝ оддадат чест на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември.

Ковчегот со посмртните останки на кралицата се очекува во Лондон да пристигне вечерва и од утре во следните пет дена да биде поставен во салата Вестминстер, која ќе биде отворена за граѓаните.

 

 

Како што се прогнозира, редицата луѓе најверојатно ќе се протега неколку километри.

Кампувањето не е дозволено во тој дел од Лондон, па граѓаните со себе носат столчиња на расклопување, топла облека и храна.

 

 

Британската Влада, предвидувајќи ја долгата редица, нареди зголемена безбедност и поставување монтажни тоалети.

- Advertisement -
Ad image

Весникот „Тајмс“ пренесе оти може да се очекуваат и до 750.000 лица, потсетувајќи дека во 2002 година имаше над 200.000 лица на поклонение пред ковчегот на кралицата мајка, мајката на Елизабета Втора.

Share This Article