Ковачевски зборуваше за новите меморандуми меѓу Македонија и Србија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Имаше прашање во однос на границите. Тоа е мое омилено прашање. Нема поголема глупост од границите на Балканот. Ние сме биле без граници, сега само ние имаме граници. Значи ако излезете на север од овде на ’Хорвош‘, на само 200 километри оттука, граници нема до Скандинавија. А ако сакате да одите на Балканот, на секои 100 километри имате граници“.

Вака изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешното потпишување на меморандуми меѓу Македонија и Србија во рамките на Отворен Балкан. Двете земји ќе соработуваат во рударството и енергетиката, но и во транспортот. Граѓаните од двете земји ќе можат да плаќаат патарина со иста електронска картичка или уред електронски таг.

Исто така планирано е да се зголеми бројот на ленти на граничните премини, зголемување на бројот на службеници контролори и да се воведе софтвер кој ќе значи само една контрола на пасошот, а не две како што беше досега. Ќе бидат воведени мобилни уреди со кои побрзо ќе бидат вршени контролите. Целта, според премиерот, е за 50 отсто да се зголеми протокот на луѓе и стока на границите, но и да се забрза протокот на Табановце, особено за празниците.

– И затоа ако некои проекти не ги сакам, кога ќе ми дојдат од Европска унија за финансирање, унапредување на гранична контрола, на нас не ни требаат граници. Јас Западен Балкан го замислувам како регион без граници, интегриран во ЕУ. Границите кои моментално постојат, меѓу земји кои имаат бесцарински режим меѓусебе, кои имаат пријателски односи се само извор на корупција и ништо друго – вели Ковачевски.

Премиерот  и неговатаа српска колешка Ана Брнабиќ разговарале и за приклучување на Србија на гасоводот што ќе се гради од Грција кон Северна Македонија.

На седницата меѓу двете влади беше истакнато дека соработката која е на највисоко ниво откако станале независни држави и дека билатералните односи се без отворени прашања.

Меморандумите беа потпишани по пленарната седница меѓу двете влади.

При потпишување на Меморандумот за заедничка електронска наплата на патарина во Република Северна Македонија и Република Србија, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски со својот српски колега Горан Весиќ зборувале и за проект за изградба на железничка станица во Табановце.

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, со својот српски колега Братислав Гашиќ потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за мерките за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница.

- Advertisement -
Ad image

Министерот за економија Крешник Бектеши и министерската за рударство и енергетика на Србија Дубравка Ѓедовиќ потпишаа Меморандум за соработка во рударството и енергетиката помеѓу Северна Македонија и Србија.

Двете земји ќе ги поттикнуваат инвестициите во експлоатација на рудните ресурси, ќе соработуваат во градење на капацитети за обновлива енергија и други чисти технологии, во производство на електрани и во гасното поврзување.

Share This Article