More

    Ковачевски заедно со Вучиќ и Брнабиќ прошетаа покрај „Белград на вода“

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на Фејсбук ги објави првите фотографии од неговата посета во Србија.

    Тој пристигна во Белград попладнето, а на фотографиите се гледа како со српскиот претседател Вучиќ и со премиерката Брнабиќ се шетаат на кејот на реката Сава.

    – Драго ми е што вечерва сум гостин на претседателот на Србија Александар Вучиќ и на премиерката Ана Брнабиќ. Мојата посета ја започнувам со пријатна заедничка прошетка низ убавото шеталиште покрај Сава во Белград. Споделивме размислувања за цврстото пријателство, соработката, партнeрството меѓу нашите две земји како и визијата за иднината на Западен Балкан – вели Ковачевски.

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ исто така сподели фотографии од прошетката со премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на српската влада Ана Брнабиќ при што напиша дека при добра прошетка се прават најдобри планови и се водат најпријатните разговори.

    – Додека со гордост му покажувам на мојот пријател Димитар Ковачевски колку изградил Белград, разменуваме мислења за проширувањето на иницијативата Отворен Балкан, Европската Унија, патот на нашиот регион, позицијата и перспективата на Западен Балкан на геополитичката карта на Европа. и светот, но и за плановите за претстојните состаноци и нови проекти за поврзување – пишува Вучиќ.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img