Во мојот втор мандат како премиер, ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра, и ова ве уверувам дека со правилни политики е достижно, најави лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, синоќа во Штип.
– Со напорна работа, нема недостижна цел. Никој не веруваше дека 500 евра просечна плата до 2024 година е можно и остварливо. Но како што знаете, тоа ветување, СДСМ предвремено го исполни. Денес просечната плата изнесува 650 евра. Така ќе биде и овој пат – рече Ковачевски.
Ковачевски вети и дека сумата за поврат од Мој ДДВ ќе се зголеми на 3000 денари.
– Добра вест за луѓето во Македонија што скенираат фискални сметки. Сумата за поврат на ДДВ преку проектот Мој ДДВ ќе се зголеми на 3.000 денари за едно тримесечје – рече Ковачевски.
Тој додаде дека и дека е направена долгорочна системска промена и за покачување на пензиите.
– Просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година, а минималната пензија за речиси 50% повисока. СДСМ овозможи пензионерите во просек да добиваат 6.000 денари повеќе – рече Ковачевски.
Лидерот на СДСМ нагласи дека СДСМ и натаму ќе се бори граѓанин да има достоинствен живот од својата заработена плата.
– Држава во која младите ќе добијат квалитетно образовани, држава во која здравствената заштита ќе биде на највисоко ниво, во која секој граѓанин ќе биде почитуван, ќе живее во демократија, во држава во која законите важат подеднакво за сите. Тоа го нуди нашата нова програма со која ќе настапиме на овие избори, рече лидеот на СДСМ.