Ковачевски вели дека во Брисел ни се повторила 2008 година

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Брисел ние имавме најјасен заклучок, од 2005 до денес. Заклучокот за Северна Македонија беше во еден параграф. Република Северна Македонија успешно го заврши скрининг процесот. Веднаш штом ќе заврши својата обврска за спроведување на амандманите на Уставот, ќе биде без одлагање и дополнително закажување, свикана втората меѓувладина конференција за отворање на поглавјата. Празен гол, пенал којшто заради опозицијата во Македонија, ние не го шутиравме – рече премиерот Димитар Ковачевски во денешното гостување на Телевизија 24.

– Толку траеше дискусијата во Брисел. Немаше никакви дополнителни барања. Сите оние хистерии дека македонскиот јазик ќе сме го изгубиле, ќе сме бугаризирале, асимилирале – нема ништо од тоа. Напротив, на очиглед и на телевизиските екипи, меѓу преведувачките кабини имаше и на македонски јазик – рече Ковачевски.

Тој повика да не се испушти шансата за исчекор во евроинтеграциите и Северна Македонија да стане членка на ЕУ до 2030 година.

– Нам ни се повтори 2008 година, од истите луѓе, од истите политички партии коишто и тоа време беа против зачленувањето и во НАТО и продолжување на евроинтеграцискиот процес, ни се случи истото. Без никаков аргумент, без никаква алтернатива, велат ние сме против“. Го менуваат дури и својот став или не можат да најдат аргумент зошто се против, зборуваат за диктатот од ваму од онаму, но ова е македонски проект – евроинтеграција на Република Северна Македонија во ЕУ – додаде премиерот Ковачевски.

Нашата држава, потсети премиерот Ковачевски, доби кандидатски статус во 2005 година, заедно со Хрватска, „меѓутоа ние во 2008 година влеговме во процес на антиквизација наместо во процес на европеизација”, како што оцени „којшто нас не изолираше, нѐ раскара со сите соседи и не донесе ништо добро на државата”, туку уназадување во економска и демократска смисла, заробена држава и злоупотреба на институциите по сите основи.

Тој повика на формирање Европски фронт, во којшто ќе учествуваат политички партии без разлика на нивната етничка, идеолошка профилација, невладини организации, поединци, активисти, кои го поддржуваат евроинтеграцискиот процес.

Со интеграцијата во Европската Унија придобивките ќе бидат огромни и за граѓаните и за компаниите, порача Ковачевски во интервјуto во „Студио 10″ на Телевизија 24.
Toj посочi дека интеграцијата во ЕУ значи двојно повисоки плати уште во првите пет години, зголемување на странските инвестиции, развој на домашните компании, како и намалување на невработеноста. Од огромно значење особено за големите компании е можноста која се отвора со членството во ЕУ, а тоа е настапот на пазар од половина милијарда луѓе, којшто е неколкукратно помоќен од македонскиот пазар, вели премиерот Ковачевски.

Share This Article