Ковачевски вели дека ЕСМ се подготвува за зимата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Заедно со Владата, бараме начин како да помогнеме на  стопанството и на институциите, односно да се набават повеќе ресурси: јаглен, мазут и природен гас, за да се вклучат дополнително и дел од останатите
капацитети, за таа енергија да ја произведеме и да ја понудиме на бизнис секторот и на институциите, се со цел да помогнеме и на слободниот пазар, каде што  цените се неколкукратно поголеми од цените на регулираниот пазар, кој ЕСМ го снабдува, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

– Правиме интензивни подготовки да го зголемиме производството на електрична енергија. 100-процентно ја произведуваме целата енергија која е потребна за граѓаните и малите потрошувачи, наместо само 60 отсто колку што пропишува законот, се со цел ЕВН Хоме да не мора остатокот да го набавува по берзански цени, бидејќи тоа ќе удри врз домашниот буџет на секој граѓанин – изјави Ковачевски.

Ковачевски информира и дека ЕСМ се подготвува и за грејната сезона.

-Премиерот Ковачевски, министерот Крешник Бектеши и јас како претставник на АД ЕСМ, имавме интензивни разговори во рамките на иницијативата Отворен Балкан, со земјите членки Србија, Албанија и Македонија, но и Црна Гора и Босна и Херцеговина кои бараат членство, за тоа како да најдеме начин заеднички да ја изменаџираме и подобриме ситуацијата со производство и снабдување со електрична енергија –  вели Ковачевски.

Share This Article