More

    Ковачевски уверува дека геополитичкиот момент за влез во ЕУ е поволен и неповторлив

    spot_img

    Предизвикот е шанса да се даде сè од себе и таа неповторлива шанса за напредок, директно поврзана за нашата интеграција во ЕУ, ја имаме токму сега. Се наоѓаме во неповторлив контекст кога поради геополитичките прилики и потребата да се осигура стабилноста на европскиот континент ние сме ѝ потребни на ЕУ и на демократската меѓународна заедница како што ни се потребни и тие на нас – порача премиерот Димитар Ковачевски на свечената академија, што се одржува вечерва во Филхармонија, по повод Денот на независноста – 8 Септември.

    Тој истакна дека „гласникот на слободата“ 8. Септември во предвечерието на овој голем и важен празник на македонската државност – Денот на независноста, повикува на нов сигурен чекор напред.

    – Пред 32 години во 1991 година со мнозинска опреселба од над 95 проценти од граѓаните е остварен аманетот за сопствена независна македонска држава на геренрации зад нас, глас што одекнува од Илинден 1903 и АСНОМ 1944 година. Триесет и две години подоцна пред нас е гласот на граѓаните во мнозинска определба од 80 проценти за живот во Европа, во Европска унија, но во родната Република Северна Македонија – рече Ковачевски.

    Генерациите на денешнината, наведе тој, имаат обврска да се одзват на повикот на денешниот 8 Септември кој од нас бара контиунитет на вековно поставена идеја за прогрес и напредок.

    – Ова е шанса која доаѓа во време кога РСМ е меѓународно етабилирана држава, земја која сигурно чекори на патот кон ЕУ, со осигурани граници, со признаен македонски јазик и идентитет, земја пример за успешна мултиетничка демократија, која придонесува во регионалниот и европскиот мир, како слободна и суверена држава, членка на НАТО, земја која сигурно чекори на патот кон ЕУ – наведе Ковачевски.

    На академијата, насловена „32 години независност“, присуствуваат членови на Владата, претставници на институции, на академската заедница, стопанственици, дипломатскиот кор,…

    Академијата почна со интонирање на државната химна и проекција на документарен материјал за државата, а историски осврт изнесе Александар Литовски од Институтот за национална историја.

    Со академијата стартуваа активностите што ги организира Владата по повод Денот на независноста, а утре продолжуават со културни манифестации, промоции, спортски активности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img