More

    Ковачевски се обрати на Самитот во Солун

    spot_img

    Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со лидерите на државите и владите на земјите членки во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСИЈЕ) денеска во Солун, учествуваше на Самитот на шефови на држави и влади на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

    Со Самитот претседаваше премиерот на Грција, Кирјaкос Мицотакис, а на високо ниво учествуваше и германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел.

    Во своето обраќање премиерот Ковачевски потенцираше дека трите клучни приоритети за нашата земја во овој период на најголема Светска криза по Втората Светска војна, се реализацијата на енергетските проекти, регионалната соработка, како и од неопходноста од интеграција на Македонија во ЕУ.

    Во однос на светската енергетска криза и растот на цените како резултат на воената агресија врз Украина, премиерот Ковачевски посочи дека глобалните последици кои ги чувствува целиот свет бараат итна заедничка координација преку платформи како што е ПСЈИЕ.

    – Постои чувство на итност за натамошна заедничка координација со цел веднаш да одговориме на заедничките предизвици преку корисни платформи како што е ПСЈИЕ, но и во синергија со Европската Унија. Во тој поглед, ја поздравивме подготвеноста на ЕУ да ги вклучи земјите од Западен Балкан во заедничката платформа за купување гас, со цел диверзификација на енергетските резерви, најмногу испораките на гас и зајакнување на енергетската безбедност. Северна Македонија е посветена на зголемување на енергетската диверзификација и независност за поддршка на нашата национална безбедност, а со тоа ќе ги спречи влијанијата од климатските промени. Во таа насока, Северна Македонија започна значајни проекти за  енергетска транзиција и инвестиции во обновлива енергија. Покрај двете стратешки инвестиции во обновливи извори на енергија во нашата земја на германска и француска компанија, сакам да го потенцирам постигнатиот договор за соработка за реализација на изградба на гасниот терминал и гасната централа во Александропули, каде неодамна започна изградбата. Наскоро ќе биде во тек изградбата на нашиот гасен интерконектор со Грција, а планираме и гасни интерконектори со нашите соседи Србија и Косово поддржани со средства од Економскиот инвестициски план на ЕУ“, истакна Ковачевски.

    Во однос на важноста од регионалната соработка премиерот Ковачевски подвлече дека Северна Македонија е целосно посветена на регионалната интеграција преку политички, економски и безбедносни иницијативи и целосно ја поддржуваме поблиската економска интеграција. Во тој контекст Ковачевски дискутираше и за важноста од имплементација на Стратегијата ЈИЕ 2030 усвоена минатата година во Анталија.

    – Можности за унапредување на регионална соработка има и во рамки на Берлинскиот процес и иницијативата Отворен Балкан. На Самитот на Отворен Балкан бев домаќин оваа среда во Охрид заедно со претседателот Вучиќ и премиерот Рама, а се приклучија и премиерот Абазовиќ и претседавачот на советот на министри на Босна и Херцеговина Тегелтија. И покрај тоа што се разновидни по својот состав и содржина, сепак, сите овие иницијативи се стремат да ни овозможат поголем економски раст што е клучен предуслов за стабилност и просперитет. Отворен Балкан ни обезбеди платформа да разговараме меѓу себе, форум за да се договориме за заеднички проекти и средства за дејствување за подобрување на нашата заедничка иднина. Отворен Балкан е практична имплементација на 4-те слободи на ЕУ и ние силно веруваме дека отстранувањето на бариерите што го ограничуваат регионалното слободно движење на луѓе, стоки, капитал и услуги има голем потенцијал за економски заживување на регионот и за понатамошна подготовка за идна интеграција во заедничкиот внатрешен пазар на ЕУ. Отворен Балкан е одлична иницијатива но не е, не се стреми да биде, ниту може да биде алтернатива на ЕУ – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img