Ковачевски: Не е планирана реконструкција на Владата

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Не е планирана реконструкција на Владата. Сега е период кога се подготвуваме за идната година. Интензивно ги презентираме буџетите на секое министерство поединечно, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Повторно дециден дека предремени парламентарни избори ќе нема.

– Владата функционира во еден полн капацитети за да се справи со сите предизвици кои ги има државата, а верувајте ми дека ова е мандат 11 месеци веќе којшто е исполнет веќе со големи предизвици со какви што досега не се соочувала ниту една влада, на еконономски, на енергетски план и ајде да кажеме на планот на обезбедување, на непречено функционирање на сите институции со оглед на хибридните закани којшто доаѓаат а кои се резултат на војната која што се води во Украина – рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски, кој е и претседател на СДСМ, запрашан дали трибините што ги организираше неговата партија се вовед во предвремени избори кажа дека парламентарни избори ќе има заедно со претседателските во 2024 година.

– Јас сум човек којшто се држи до своите ставови и не менувам ставови како други политичари и избори ќе има во 2024 година, прво претседателски, а потоа парламентарни избори. И самата анкета (ИРИ) ви покажува дека граѓаните се определни за европска иднина на државата, бидејќи доколку се погледнат внимателно процентите на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои што се за блокирање на тој процес на партиите кои се за европска Македонија и зачленување во ЕУ и партиите кои се за блокирање на тој процес, тогаш пак се гледа разлика и можете уште сега да го видите резултатот дека во 2024 ќе имаме претседател на држава којшто е за зачленување на Северна Македонија во ЕУ, а таков можеме да предложиме само ние СДСМ нормално со коалиционите партнери – рече Ковачевски.

Премиерот е убеден во 2024 година повторно ќе има Влада која што исто така ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери кои се за продолжување на европскиот пат на државата и зачленување до 2030 година во ЕУ.

Премиерот рече дека вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска е независна во своето работење, бидејќи таа е на позиција од која што се грижи практично за координација на повеќе аспекти – од владеење на право, дигитализација, унапредување на процесите, пружање на подобри услуги на граѓаните и унапредување на работата на инспекциските органи и нејзината работа се однесува на сите функционери.

Одговарајќи на прашање во врска со информациите што Грковска ги изнесе во интервју за МИА дека досега нејзиниот Кабинет има иницирано три постапки за функционери за злоупотреби, Ковачевски рече дека кога ќе има што да соопшти вицепремиерката за добро владеење, сите ќе можеме да бидеме информирани.

– Се она што има да го соопшти вицепремиерката, тогаш кога ќе може да го соопшти, ќе можеме да бидеме информирани – рече премиерот.

Во изјавата Ковачевски потенцира дека работата на вицепремиерката не значи дека таа е некаков извршен орган или има некакви други надлежности.

- Advertisement -
Ad image

– Меѓутоа таа е адресата и тој дел од Владата на која што пристигнуваат сите забелешки кои ги имаат одредени граѓани и институции по однос на работењето на кој било функционер. Работата на тој сектор е помогната и со знаење и со процеси и материјално од страна на нашите стратешки партнери, пред се тука мислам на САД и на државите членки на ЕУ и самата ЕУ – рече премиерот.

Ковачевски денеска повтори дека за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АБН) е избран професионалец, кој од 1997 година работи и напредува во службата, а посетувал и бројни обуки, доминантно во САД и во Канада. Во однос на тврдењата на опозицијата дека новиот директор на АБН, Зарко Милошевски бил вмешан во случаите Онишченко, Диво насиље и 27 Април, Ковачевски изјави дека тоа треба да се провери во службите кои се занимаваат со истраги, а тие не се дел од Владата.

– Во однос на наводите кои ги дава опозицијата, тоа може да се провери, меѓутоа врз основа на соодветни институции. Сметам дека опозицијата при назначување на секој функционер има напади. Јас барем знам за се што мене ме напаѓаа, дури и мртви роднини ми споменуваа, така што одговорот на тоа прашање најсоодветно ќе можат да ви го дадат соодветните служби кои се занимаваат со истраги, а тоа се служби кои не се дел од Владата – рече Ковачевски.

- Advertisement -
Ad image

Во врска со Оперативниот тим за хибридни закани, Ковачевски информираше дека ќе биде составен од најдобрите експерти, доминантно од ИТ технологиите и Ви-Пи-Ен мрежите, преку кои се спроведува целиот процес на хибридни напади, од сите надлежни институции, а со него ќе раководи Бирото за јавна безбедност. Ќе им помагаат и други експерти по потреба, а кои не можат да бидат членови на Оперативниот тим.

Оперативниот тим, како што рече, ќе биде во координација со нашите стратешки партери САД, НАТО и земјите членки на Алијансата.

– Ќе излезат со краткорочен план и треба да дадат одговори и решенија до нивото на тоа што може да се направи бидејќи дојавите доаѓаат преку Ви-Пи-Ен сервери од странство. Тој тим ќе треба да направи дијагностика на системите во делот на кибер безбедноста и хибридните закани, што ќе биде основа за унапредување на системите во државата во овој домен, информираше премиерот Ковачевски.

Share This Article