More

    Ковачевски навива за ССМ, но зградата му се одзема по тужба од владата!?

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека е на страната на Сојузот на синдикати на Македонија кој на вонредна прес-конференција побара одговорност од Врховниот суд доколку се точни информациите дека е донесена пресуда со која им се одзема работничкиот дом.

    – Јас сум член на Синдикатот од 1999 година и сум стопроцентно на страната на ССМ. Да живее Синдикатот и да живеат работниците и работниот народ на Република Северна Македонија – рече Ковачевски во одговор на прашање на новинари.

    За пресудата на Врховниот суд, Ковачевски упати одговорите да се бараат таму.
    -Јас никогаш не коментирам судски одлуки, меѓутоа јас сум на страната на ССМ – рече Ковачевски.

    Премиерот се чини не е информиран дека токму државата водеше постапка против синдикатот за утврдување на сопственоста врз зградата во која се сместени синдикатите- позната како Синдикален дом.

    На вонредна прес-конференција денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов соопшти дека според информациите со кои располагаат, Врховниот суд донел пресуда со која се одзема објектот на ССМ.

    Врховниот суд, пак, соопшти дека одлучувал врз основа на жаба на државата за предметот утврдување на сопственост на имотот на ССМ кој бил изграден во 1958 година кога ССМ била општествено политичка организација и не била профитна организација за да гради зграда. Судот оценува дека имотот ССМ го добил на користење од тогашната Влада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img