More

    Ковачевски на ГЛОБСЕК: Северна Македонија како фактор на стабилност активно придонесува кон стабилен и економски силен регион

    spot_img
    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во рамки на посетата на Братислава каде учествува на Глобалниот безбедносен Форум на ГЛОБСЕК 2023, даде изјава за медиумите.
    Ви ја пренесуваме во целост изјавата на претседателот на Владата:
    „ Почитувани,

    Драго ми е што и оваа година учествувам на Глобалниот безбедносен Форум на ГЛОБСЕК во Братислава која што е исклучително важна конференција на безбедносната и меѓународната политика во Европа.

    Конференцијата се одржува во критичен момент за европскиот континент, во време на безбедносни и многу други предизвици кои произлегуваат од војната на европскиот континент  која што е предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина и која што е поврзана со  економска, енергетска, вредносна демократска криза во голем дел од Европа.

    На конференцијата годинава учествуваат претставници од над 65 земји, државници, претставници на медиумите, на невладини организации на граѓанскиот сектор и секако поранешни лидери на држави кои ќе дадат свој значаен придонес кон дискусиите кои се водат за темите кои ги набројав.

    Очекувам да разговараме за тековните предизвици и начините на кои се справуваме со кризата, потоа за важноста Европа да остане обединета, бидејќи само обединета Европа може да даде поддршка на борбата на украинскиот народ за своја независност и за свое самоопределување. Меѓутоа исто така обединета Европа е единствениот одговор кон справување со кризите и кон справување со предизвиците кои произлегуваат од оваа војна која се води и која има негативни ефекти и врз економијата и врз енергетиката.

    Како одговорен дел од меѓународната заедница, членка на НАТО, претседавач со ОБСЕ и земја со започнати преговори за членство во ЕУ, ние имаме обврска и должност активно да учествуваме со свој придонес кон колективната одговорност за мирот, за градење на демократијата и човековите права, како и за негувањето на добрососедските односи, бидејќи единствено така може да маме стабилен и економски силен регион и на Европа во целина.

    Ќе учествувам и на панел на кој ќе разговараме за важноста на регионалната соработка,  предизвиците кои ги имаме, но пред се можностите кои што ги имаат земјите од ЗБ преку иницијативата ОБ, преку Берлинскиот процес и секако преку брзото пристапување во ЕУ.

    Приликите кои се случија на европскиот континент го променија светот неповратно во текот на изминатата година и половина. Тоа беше сигнал за Владите дека ако сакаме да ја добиеме оваа битка во економска и енергетска смисла мора да направиме многу, да дејствуваме итно, но да бидеме солидарни, сплотени и да делуваме и дејствуваме заедно.

    Само така, може и успеавме во текот на изминатата практично тешка зима да се справиме и со енергетската и со економската криза и да обезбедиме за нашите граѓани непречено снабдување и со енергенси, електрична енергија и храна и да обезбедиме доволно финансиски средства во буџетот за да можат да бидат финансирани сите функции во државата непречено.

    На панелот ќе бидеме заедно со премиерот на Албанија, со г. Рама на кој ќе зборуваме и за практичните аспекти на соработката во рамки на иницијативата ОБ за ефектите кои таа ги има пред се позитивни ефекти на економската размена меѓу 3-те држави која е исклучително зголемена во изминатите 2 години.

    Исто така ќе разговараме за безбедносниот контекст кој произлегува од војната во Украина меѓутоа секако и за случувањата во нашиот регион. Нормално дека ќе повикаме на смирување на сите тензии и на воспоставување на дијалог кој е единствениот начин за повторно да имаме мир во Европа и економски просперитет како пред оваа војна.

    Во текот на денот ќе имаме и билатерална средба со претседателот на Франција, г. Макрон на којшто ќе разговараме за важни теми кои што се врзани за нашето зачленување кон ЕУ, секако и за билатералната соработка која ја имаме со Франција од првиот ден од нашата независност.“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img