Ковачевски му одговори на бугарскиот претседател

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Откако работната група за уставни измени ќе ги состави амандманите, наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав, му порача премиерот Димитар Ковачевски на бугарскиот претседател Румен Радев, кој изјави дека „Владата на Република Северна Македонија може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав“.

Амандманите кон Уставот, нагласи Ковачевски, се дел од Преговарачката рамка со ЕУ.

– Ние преговараме со ЕУ, а не со Бугарија, и затоа сметам дека тоа е нешто што ќе тече како процес и е нешто што треба да се случи со оглед на тоа што граѓаните заслужуваат да живеат во држава членка на ЕУ – рече Ковачевски.

Тој потсети дека веќе се води дискусија во рамки на работната група за подготвување на уставните амандмани.

– За жал, во ниту еден важен процес не учествуваат претставници од опозицијата. Јас лично сметам дека имаме приоритет овој пат да ги исполниме обврските што произлегуваат од Преговарачката рамка, а која е прифатена од Собранието со заклучоците за коишто гласаше и Алијанса за Албанците, меѓутоа да видиме како ќе се одвива дискусијата. Сепак, сметам дека треба да се држиме до она што е приоритетно, а тоа е отворање на поглавјата и продолжување на патот на државата кон полноправно зачленување во ЕУ до 2030 година – рече Ковачевски.

Бугарскиот претседател за БГНЕС рече дека раководството на Северна Македонија треба да ги убеди своите граѓани, а не Бугарија, дека гради демократска држава.

– Владата на Република Северна Македонија може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе најде сили да ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав – рече Радев.

Share This Article