Ковачевски кажа кој е виновен за хаосот во Скопје

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Премиерот Димитар Ковачевски за хаосот со сообраќајот во Скопје ги обвини ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кои како што рече, ја поддржале Данела Арсовска на поселедните локални избори.

Ковачевски рече дека на народот треба да му биде јасно дека СДСМ е опозиција во Град Скопје и во повеќето општини.

– Хаосот во Скопје е само поради неспособноста на бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски. Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се во мнозинство во сите управни одбори на јавните претпријатија и во ЈСП исто така и ги знаат состојбите таму и можат да реагираат и затоа се одговорни за сегашната состојба. Наместо да работат на граѓаните, тие и градоначалничката на Скопје се расправаат. Многу е јасно и народот го знае тоа дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад организирањето на блокадите – рече Ковачевски.

Тој потсети дека по победата на локалните избори во Скопје, градоначалничката Арсовска била поддржана од ВМРО-ДПМНЕ кое ја славело победата.

– Арсовска беше пречекана со „Бела чао“. Таа носеше бел капут. Мицкоски со ново блузонче ја пречека со трубачи пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ. Не ја пречекав јас пред СДСМ. Ние само ја честитавме победата и за поразот на тие избори имавме оставка на лидерот. Кога се испокараа за провизии им текна генијална идеја: градоначалничката на Скопје била со нас и сум имал тајни средби со неа. Еве да прашам: Што се случува со Прилеп? И за таму ќе речат дека имам тајни средби со градоначалникот. Јас со никого немам тајни средби. СДСМ е опозиција во Скопје. Тие кои беа избрани, сега прават хаос во Скопје бидејќи се неспособни – рече Ковачевски.

Тој посочи дека и во другите јавни претпријатија на Градот има проблеми, а најсвеж е оној на Дрисла.

Тој обвини дека истото го правеле на 14 февруари годинава кога Скопје го оставиле без парно со цел да направат хаварија во енергетскиот сектор, но владата го презела раководењето со парното.

Сопственикот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски денеска ја повика Владата да пресече во врска со овој проблем и иако не е надлежна и да каже кој е во право.

Share This Article