Ковачевски категорично одбива да „суди“ за разрешувањето на Дамева

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„Ниту јас како претседател на Владата, ниту кој било министер, не се меша во работата на Судскиот совет или на Советот на обвинители. Правосудните органи треба да бидат на ниво на кое ќе си ја извршуваат својата работа и нема да имаат никакво политичко влијание. Ако некој им се мешал во работата, тоа ќе треба самите да го пријават низ соодветна процедура“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан за разрешувањето на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, по увидот на градежните активности на патот Ранковце – Крива Паланка

Ковачевски потсети на соопштението на министерот за правда во врска со овој случај и напомена дека го дели истиот став. Министерот, во рамките на своите надлежности во Министерството за правда, побара да се види записникот од самата седница.

– Јас од првиот ден кога станав претседател на Владата кажав дека ниту јас како претседател, ниту кој било министер, не се меша во работата на Судскиот Совет или на Советот на обвинители и тоа можеше да се потврди низ директен пренос, каде сите граѓани можеа да видат што се случуваше на Судскиот sовет. Она што останува е правосудните органи на ниво кое што е потребно да ја извршуваат својата работа и да немаат никакво политичко влијание – рече Ковачевски.

Тој напомена дека лично немал ниту еден состанок со претседател на суд, а како што рече, ако некој им се мешал во работата, тоа ќе треба самите да го пријават низ соодветна процедура.

– Јас лично не сум имал ниту еден состанок со ниту еден претседател на суд, ниту сo претседател на Судски совет, бидејќи судовите се независна власт, судската власт е независна власт, извршната и законодавната власт се исто така независни и секој мора да си ги извршува своите работи во рамките на своите надлежности – додаде премиерот.

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева беше разрешена во средата на предлог на заменикот Селим Адеми. За нејзиното разрешување гласаа седум члена на Советот. Според невладините организации и експертите, разрешувањето на Дамева е незаконско и спротивно на процедурите и Деловникот.

Вчера беше закажана седница на која требаше да се избере нов претседател на Советот, но заменик претседателот Адеми ја одложи седеницата за 2 мај, за да присуствуваата сите 13 члена.

Share This Article