Ковачевски: Изградбата на топловодот од РЕК до Битола се одвива побрзо од планираното

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Изградбата на топловодот од РЕК до Битола се одвива побрзо од планираното, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски при извршениот увид во градежните работи на топловодот.

– Задоволни сме од динамиката со која економскиот оператор ги изведува градежните работи за изградба на топловодот од РЕК Битола до градот Битола. Првата фаза од проектот кој се очекуваше 40 години ќе успееме да ја завршиме за нецели две години и жителите на Битола во 20025/2026 година конечно ќе добијат орагнизирано снабдување со топлинска енергија – вели Ковачевски.

Топловодниот систем веќе се наоѓа во предградието на Битола, по што ќе следува втората фаза од изградбата, а тоа е поставување на секундарна мрежа низ градот.

– Проектот за изградба на топловод од РЕК до Битола, Новаци и Могила има и еколошка и економска оправданост. Граѓаните ќе добијат еколошки почист енергенс за затоплување на домовите, кој ќе биде економски исплатлив. Земјоделците, пак, од Пелагонија ќе добијат можност за користење на топлинската енергија од РЕК Битола за оранжериско производство – вели Ковачевски.

За проектот Топлификација на Битола, Могила и Новаци се користи кредит од германската KFW банка во вредност од над 40 милиони евра, а дополнително АД ЕСМ ќе инвестира 7 милиони евра сопствени средства. 

Share This Article