Ковачевски: Илинден е нашата гордост, нашиот патоказ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Илинден е нашата гордост, нашиот патоказ. Илинден е нашата сила за иднината, порача премиерот Димитар Ковачевски во честитката по повод празникот Илинден.

Во честитката објавена на Фејсбук, премиерот повикува да го празнуваме празникот во слога и обединетост.

– Нека ни е честит и долговечен Илинден – Денот на Републиката. Да го празнуваме во слога и обединетост. Денеска ги чествуваме двата Илиндена 1903 и 1944 година, темели на македонската држава, македонскиот јазик и идентитет и изразуваме вечна благодарност кон илинденците и асномците за нивната заложба и визија за современа, суверена, независна, модерна држава. Илинден е нашата гордост, нашиот патоказ. Илинден е нашата сила за иднината – пишува премиерот Ковачевски.

Share This Article